Од денеска авионска линија Белград - Охрид
Воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции.

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска ќе слета првиот авион на „Ер Србија“ со што официјално ќе се означи воспоставувањето на авионската линија Белград - Охрид.
На настанот најавено е присуство на генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, главниот извршен директор на „Ер Србија“ за врски и односи со Владата, Бранимир Маловиќ и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски.
Воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции. Исто така, македонските граѓани ќе имаат поволни можности да патуваат до Србија и до европските држави.
