САД ги зајакнува механизмите за контрола на патници

15.06.2016 10:33

Соединетите Американски Држави од 2015-та воведоа пред контрола на патниците како инструмент за зголемена безбедност од терористички напади. Сите патници коишто патуваат за САД поминуваат пасошка, царинска и земјоделска контрола на аеродромите во други земји пред да стигнат на американски аеродроми.

Сите странски државјани коишто патуваат за Соединетите Американски Држави по чекирањето на некој од аеродромите во светот што имаат директни авионски линии со САД, задолжително мора да поминат пасошка, царинска и земјоделска контрола пред да стигнат на американска територија. Службениците на американската Царина и гранична заштита проверуваат дали патниците имаа легитимна причина за влез во Америка, важечки визи и не носат недозволени земјоделски производи во багажот. Овој процес на пред контрола е воведен во 2015-та година за да се намали можноста за терористички напади во Америка.

„Од минатата година ја засиливме безбедноста во авијацијата, по моја наредба, на аеродромите со директни летови до САД. Задоволен сум што други држави следеа со воведување на речиси исти засилени мерки на безбедност.  Во јули на новиот директор на Агенцијата за транспортна безбедност му дадов план од 10 точки за подобрување на аеродромската безбедност и проверките на аеродромите. Дома тој план се спроведува според планот. На почетокот на оваа година, Агенцијата за транспортна безбедност и јас издадовме упатство за аеродромска безбедност, и ќе има уште вакви упатства. По урнувањето на авионот 9268 во Египет наредив дополнителни мерки на безбедност на аеродромите во тој регион, за предметите што може да се внесат во авионот, како и инспекција и оценка на аеродромите во регионот“, изјави Џех Џонсон- секретар за Хоумленд Секјурити, Агенцијата за домашна безбедност на САД.

Со пред контролата се намалува времето на чекање по пристигнувањето на некој од американските аеродроми. САД имаат договор за пред контрола со Канада, Ирска, Обединетите Арапски Емирати и Карибите. Агенцијата за домашна безбедност, Хоумленд Секјурити е во преговори со Белгија, Холандија, Норвешка, Шведска, Шпанија, Британија, Турција, Јапонија и Доминиканската република, за воведување на пред контрола на патниците коишто сакаат да пристигнат во Америка.

Државите заинтересирани за преговори за пред контрола можат да поднесат барање до американските власти од 15-ти мај до 1-ви август оваа година.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ