Македонија главна точка на Советот на ЕУ на 20- ти јуни

15.06.2016 10:47

На седницата, министрите за надворешни работи на земјите- членки на Унијата, по предлог на Германија и Велика Британија ќе расправаат и ќе дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија...

Советот за надворешни работи на Европската Унија за 20-ти јуни ја закажа седницата, на којашто ќе се расправа и за состојбата во Република Македонија. Оваа точка е сега една од главните, а не како претхподно под ставката „разно“.

На седницата, министрите за надворешни работи на земјите- членки на Унијата, по предлог на Германија и Велика Британија ќе расправаат и ќе дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија како земја- кандидат за членство во ЕУ.

Состанокот ќе се одржи во Луксембург.