Алигатор нападна двегодишно дете во Oрландо

15.06.2016 11:20

Момчето си играло на плажата во Орландо кога алигаторот долг два метра го повлекол во водата.

Алигатор нападна 2- годишно дете во хотелскиот комплекс на „Дизни“ на Флорида. Момчето си играло на плажата во Орландо кога алигаторот долг два метра го повлекол во водата.

Родителите се обиделе да го спасат, но неуспешно. Американската полиција е во потрага по детето. Петчленото семејство е од Небраска.