Продолжен мандатот на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово
Советот на Унијата и владата на Косово оценија дека продолжувањето на мандатот на мисијата е неопходно за да се обезбеди поддршка на косовските институции и владеењето на правото.

Советот на ЕУ објави одлука за продолжување на мандатот на мисијата на ЕУЛЕКС на уште две години откако косовскиот Парламент не успеа да го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство за усвојување на законот. Стариот истече на полноќ, а деталите за новиот мандат ќе бидат соопштени во следните денови.
Советот на Унијата и владата на Косово оценија дека продолжувањето на мандатот на мисијата е неопходно за да се обезбеди поддршка на косовските институции и владеењето на правото.
Советот одобри и буџет од 63,6 милиони евра. Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово почна во 2008 година.
