НБРМ: Девизниот пазар стабилизиран

15.06.2016 14:28

Девизниот пазар е стабилизиран. Централната банка забележува дека има позитивни остварувања во речиси сите дејности, но со побавно темпо.

„Затегнувањето на монетарната политика е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер. Видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти“ –  оцени Народната банка на последната седница на комитетот за оперативна монетарна политика.

Девизниот пазар е стабилизиран. Централната банка забележува дека има позитивни остварувања во речиси сите дејности, но со побавно темпо.

По растот на БДП од 2 процента во првиот квартал, Банката предупредува дека политичките случувања ја зголемуваат неизвесноста околу економската активност во вториот квартал.

Во април и мај, вкупните кредити на приватниот сектор се задржаа на релативно стабилно ниво. Има раст кај населението, а намалување кај корпоративниот сектор.