Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ живее со полн здив

15.06.2016 15:24

Полни сали, аплаузи, придружна програма, промоции. 51-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е во полн ек. 12 претстави се во конкуренцијата за награди, уште 10 во придружната програма. Пубнликата досега виде две третини од репертоарот. В петок ќе се знае која е најдобрата претстава на фестивалот...

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ на сцените во Прилеп, живее со полн здив. Публиката досега виде 15 -ина театарски остварувања, од кои 8 во официјалната конкуренција. Полните сали го покажуваат интересот на публиката. Таа, пак, со свое мислење за веќе виденото.

Придружната програма донесе и промоции на театарска литература и на се што е создадено меѓу фестивалските изданија.

Фестивалот е одразот на македонскиот театарски миг. Тој е празник на уметноста. Театрите да поставуваат повеќе текстови на македонски драматурзи, порачуваат театролозите.

До петок, кога ќе се знаат најдобрите театарски остварувања во Македонија, публиката треба да види уште четири претстави во конкуренцијата за награди. Операта „Кармина Бурана “ на затворањето, ќе биде во чест на наградените.

 

Елизабета Митреска