Театарски фестивал

Осум комедии на „Гола Месечина“

15.06.2016 15:29

За време на фестивалот ќе бидат промовирани книги-комедии, за да се зголеми издавачката продукција од овој жанр. Годинава тоа ќе бидат две драми од Венко Андоновски.

„Македонска Приказна“, „Автобусот“, „Парламентарки“ и „Хамлет од Долно Дупени“, се дел од осумте претстави- комедии на наши и странски тетари, кои ќе бидат изведени на третото издание на меѓународниот фестивал „Гола Месечина“ кој годинава ќе се одржува од 20-ти до 29-ти јуни во отворениот спортски центар Ново Лисиче.

За време на фестивалот ќе бидат промовирани книги-комедии, за да се зголеми издавачката продукција од овој жанр. Годинава тоа ќе бидат две драми од Венко Андоновски.

Овој фестивал е успешен пример за соработка на локалната и централната власт во областа на културата, рече министерката Канческа - Милевска.

На завршната фестивалска вечер, на 29-ти јуни, ќе бидат доделени четири награди- за најдобра режија, машка и женска улога и гран- при за најдобра претстава.

 

Александра Спировска