Континуирани обуки за наставниците за кариерен развој
Презентирани резултатите од три ипол годишниот проект за професионален и кариерен развој на наставниците и стручните соработници. УСАИД во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование го реализираа овој проект, сѐ со цел да се развијат инструменти кои ќе им овозможат на наставниците професионално и кариерно да напредуваат...

Наставниците континуирано ќе се обучуваат за да можат да одговорат на предизвиците што ги бара наставата. Донесена законската рамка во Законот за наставници во која е регулирано професионалното и кариерното напредување.
Досега во Македонија не постоеше систем за кариерен развој, односно наставниците немаа можност да напредуваат во кариерата. Оние наставници кои се на дното на листата од екстерното тестирање засега нема да може да го задоволат критериумот за кариерно напредување, велат од Бирото за развој на образованието. Според директорот на мисијата на УСАИД, наставникот е најважен елемент во алката на образование кој директно влијае врз квалитетот и успехот на ученикот.
Според министерот за образование, иако завршуваат активностите од проектот за реализација на прифатените промени во оваа сфера допрва следуваат. Посочи дека изминатата година првпат е донесен Закон за наставници со кој се регулирани клучните прашања за наставничката професија и работата на наставниците.
Ана Јосифоска- Тодоровска
