Собранието расправа за избор на нов министер за финансии
Пратениците ја констатираа оставката на досегашниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески. Премиерот Димитриев на негово место го предложи досегашниот директор на УЈП, Миновски. Рече дека ги има потребните квалитети за оваа функција. Опозицијата и власта во остра дебата за досегашното и за идното работење на ова министерство...

Владата постојано е посветена на реализација на економската програма со цел граѓаните да имаат подобар стандар. Зоран Ставрески даде личен влог во реализацијата на реформските процеси, покажа како се сака Македонија, а новиот министер за финансии е стручен да одговори на предизвицитеи зголемувањето на економските резултати, изјави премиерот Емил Димитриев пред пратениците на седницата, на која Миновски се бира за нов министер.
Новиот министер за финансии да не ги троши парите на секакви проекти, да го намали долгот на граѓаните и да да ја зголеми транспарентноста во трошењето на буџетските средства- побараа Социјалдемократите.
Намалени даноци, зголемени пензии, отплаќање на стари долгови, намалување на даноците се дел од проектите кои ги реализираше владата во времето на Ставрески, велат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според ДПА, владата трошела пари само на моноетнички средини запоставувајќи ги регионите со поголемо албанско население. Со ваквата констатација не се согласија ниту СДСМ, ниту ДУИ.
Кирил Миноски е доктор на науки со 17 годишно работно искуство. Освен за него, пратениците треба да расправаат и за именување нов заменик- министер за надворешни, на местото на Драгана Кипријановска. Предлогот на Димитриев за ова место е амбасадорот Илија Исајловски.
Миле Ристески
