Продолжуваат разговорите за излез од политичката криза
Амбасадорите на САД и на ЕУ, Бејли и Орав, ги слушнале ставовите на претставниците на политичките партии на денешниот заеднички состанок во резиденцијата во Пржино. Разговорите ќе продолжат утре, соопшти Орав. По завршувањето на средбата, само од СДСМ дадоа изјава. Велат дека не отстапуваат од барањата за пречистување на избирачкиот список и за реформа во медиумите...

По билатералните, заедничка средба на амбасадорите на САД и на ЕУ со претставници на политичките партии-потписнички на јунско-јулскиот договор. Во Пржино биле изнесени конкретните идеи во однос на избирачкиот список и на медиумите. Средбите се на пониско ниво, како увертира за лидерската за која се залагаат Бејли и Орав.
Заменик претседателката на СДСМ по средбата истакна дека тие не отстапуваат од своите барања.
Артан Груби од ДУИ рече дека е добро што се разговара. Претсавниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА Никола Тодоров и Имер Селмани не дадоа изјави за медиумите.
Разговорите во Пржино продолжуваат утре.
Игор Панов
