Продолжува дебатата за импичмент на Иванов
16.06.2016 09:57
За дискусија се пријавени 70-на пратеници и се очекува расправата да трае неколку дена.

Во Собранието треба да продолжи расправа за предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Иванов, поднесен од СДСМ.
Пратениците од опозицијата во текот на досегашната расправа побараа правна и политичка одговорност на шефот на државата за неговите постапки. Од владејачката партија возвратија дека претседателот Иванов со дадената аболиција не го прекршил Уставот и законите и дека има најголема доверба од граѓаните.
За дискусија се пријавени 70-на пратеници и се очекува расправата да трае неколку дена.
