Ново рочиште за случајор „Диво насеље“

16.06.2016 10:02

Пред спојувањето на предметите „Диво насеље“ и „Молња“ сведочеа околу 20-тина лица во најголем дел роднини на обвинетите и жители на кумановската населба.

Ново рочиште за случајот „Диво насеље“, овој пат без присуство на јавноста. Според најавите, ќе се читаат исказите на заштитените сведоци кои беа сослушани за време на главната расправа.

Пред спојувањето на предметите „Диво насеље“ и „Молња“  сведочеа околу 20-тина лица во најголем дел роднини на обвинетите и жители на кумановската населба.

На обвинителна клупа седат 37 лица обвинети за тероризам и за логистика. На првото рочиште сите рекоа дека не се чувствуваат виновни.