Земјоделците се почесто користат лабораториски услуги
Земјоделци и трговците сѐ повеќе се заинтересирани за користење на услугите на државната фитосанитарна лабораторија за испитувањe на квалитетот на храната. Цената на анализата е минимална и ги покрива само трошоците за потрошениот материјал...

Повеќе од 800 земјоделци, компании и оператори со храна само за неколку месеци,побарале стучна анализа на своите производи од државната фитосанитарна лабораторија.
Кај компаниите највеќе се барало испитување на квалитетот, а кај индивидуалните земјоделците контрола на остатоците од пестициди.
Цените на анализите се минимални.
Во лабораториите во другите држави во просек за една ваква услуга се наплаќа скоро 400 евра, додека кај нас до 4.000 денари.
Фармерите се интересираати за откривање и дијагностицирање на растителните болести за навремено и ефикасно третирање на земјоделските култури.
Методија Трајков
