Кирил Миновски избран за нов министер за финансии

15.06.2016 19:05

Миноски, по свечената изјава во Собранието, денеска изјави дека главен приоритет во неговата работа ќе бидат нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унпаредување на стандардот на граѓаните и подобрување на деловното опкружување.

Со 67 гласови „за“ и 19 „против“ Собранието го избра Кирил Миноски за нов министер за финансии. На оваа функција доаѓа од позицијата директор на Управата за јавни приходи. Предходно беше констатирана оставката на досегашниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески. Според премиерот Димитриев, Миновски е стручен да одговори на предизвиците и зголемувањето на економските резултати.

Миноски, по свечената изјава во Собранието, денеска изјави дека главен приоритет во неговата работа ќе бидат нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унпаредување на стандардот на граѓаните и подобрување на деловното опкружување.

Извршувањето на функцијата министер за финансии за мене претставува огромна чест и, секако, одговорност. Главен приоритет за мене како министер за финансии на Република Македонија ќе претставува процесот на креирање нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унапредувањето на животниот стандард на граѓаните и подобрување на деловното опкружување на компаниите во Република Македонија, истакна Миноски.

Миноски е доктор на економски науки. Има 17-годишно искуство работа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси и 13-годишно искуство во работењето на една од водечки светски консултантски компании „Booz Allen Hamilton“ во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење и развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно окружување.