Почина родилка од Крива Паланка
16.06.2016 11:11
Случајот бил пријавен во СВР Куманово во 20 часот. Основен јавен обвинител наредил обдукција на телото.

Триесет и седумгодишна родилка од Крива Паланка починала вчера во 15.40 откако претходно била упатена од кумановската болница кон Ургентен Центар Карил во Скопје. На родилката и била дадена анестезија, по што таа не се разбудила и со возило на Итна Помош била препратена кон скопските клиники.
Случајот бил пријавен во СВР Куманово во 20 часот. Основен јавен обвинител наредил обдукција на телото.
Од кумановската болница најавија дека ќе одржат прес конференција во текот на денот.
