Пронајдено телото на детето нападнато од алигатор во Флорида
Претходно припадниците на службата за надзор на дивите животни фатиле и убиле пет алигатори во истата лагуна, но се покажало дека тие алигатори не го нападнале детето.

Полицијата го најде телото на двегодишното момче коешто беше нападнато од алигатор во Орландо. Додека си играло крај езерото во комплексот на Дизни на Флорида, алигаторот го повлекол од брегот.
„Го најдовме телото на детето и го предадовме на форензичарите“, изјави шерифот Џери Демингс.
Претходно припадниците на службата за надзор на дивите животни фатиле и убиле пет алигатори во истата лагуна, но се покажало дека тие алигатори не го нападнале детето.
„Се појавуваат секаде. На имотот на Дизни постојат многу поврзани канали. Алигаторите се движат од една во друга водна површина, и тоа е вообичаено“, изјави Марк Мекхју, експерт за алигатори.
Алигаторите на Флорида се важен дел од екосистемите, но и опасност за луѓето. Од 1948 година овие животни во оваа држава убиле 48 луѓе.
