Пронајдени главните локации со остатоци од египетскиот авион
16.06.2016 11:27
Ербасот А320 кој леташе на релација Париз- Каиро се урна на 19 мај во источниот дел од Средоземјето.

Специјалната подморница која ги бараше остатоците од урнатиот авион на „Иџипт-ер“ најде неколку главни локации со делови од леталото.
Ербасот А320 кој леташе на релација Париз- Каиро се урна на 19 мај во источниот дел од Средоземјето.
Во несреќата загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.
На почетокот на месецов беше најдена и црната кутија. Експертите предупредија дека сигналот од неа ќе се емтиува до 24-ти јуни.
