Бренан: ИД драстично го зголемува својот кадар на Запад
16.06.2016 12:00
Оперативците влегуваат во земјите по легален пат, но и се криумчарат преку бранот бегалци.

Директорот на ЦИА Џон Бренан тврди дека Исламска држава драстично го зголемува својот кадар на Запад поради зголемениот притисок предизвикан од засилената антитерористичка тактика.
Оперативците влегуваат во земјите по легален пат, но и се криумчарат преку бранот бегалци.
Според Бренан, последниот напад во Орландо е напад врз вредностите и толеранцијата кои ги дефинираат Соединетите Американски Држави.
