Русија прогласи прекин на огнот во Алепо

16.06.2016 12:51

Одлуката е донесена откако загинаа десетина цивили во воздушните напади на руските и режимските сили.

Русија прогласи 48-часовен прекин на огнот во сирискиот град Алепо и најави стабилизација на состојбата.

Одлуката е донесена откако загинаа десетина цивили во воздушните напади на руските и режимските сили.

Државниот секретар  на САД, Џон Кери ја предупреди Русија дека американските власти го губат трпението околу сирискиот конфликт.