Поставен камен темелник за првата еко населба
16.06.2016 13:07
Најголем дел од објектите ќе бидат наменети за колективно живеење и за секоја е предвидена зелена површина.

Поставен камен- темелникот на првата еко населба „Александрија“ во Скопје. Ќе се простира на 150 илјади метри квадратни и ќе биде поврзана со населбата Карпош, преку новопроектираното продолжување на булеварот „Илинден“.
Најголем дел од објектите ќе бидат наменети за колективно живеење и за секоја е предвидена зелена површина. Доделен и клуч од гарсоњера, која компанијата ја подарува на кумот на населбата.
Промотивно, цената за квадратен метар ќе изнесува 720 евра. Првите згради ќе бидат готови во 2017-та.
