Доделена наградата „Најдобар млад научник“ за 2015
16.06.2016 13:12
Целта е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

Михаела Ангелова е добитник на наградата Најдобар млад научник за 2015-та, што по шести пат ја додели претседателот Иванов. Целта е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.
Даниел Денковски, кој работи на полето на електротехниката и информациските технологии е носител на признанието за 2014-та, а во 2013-та година, признанието го доби Петар Стојанов за истражувачка работа во областа на биоинформатиката.
