Македонски државјанин- член на ИД осуден на доживотна робија во Анкара
16.06.2016 13:17
Зекири е осуден на доживотна робија за учество во напади на Исламска држава во Турција...

Во Турција се осудени тројца припадници на екстремистичката организација Исламска држава на доживотни казни поради напад во 2014-та, во кој се убиени возач на камион и двајца полицајци.
Меѓу осудениците е и Мухамед Зекири, македонски државјанин, кој во судот во Анкара беше осуден на доживотна робија за учество во напади на Исламска држава во Турција.
Доживотните затворски казни се најтешките казни во турскиот казнен систем и не дозволуваат право на помилување.
