РСБСП со препораки за возачите пред престојниот продолжен викенд

16.06.2016 14:09

Статистичките податоци за првите пет месеци од 2016 година, покажуваат дека 54 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди и додаваат дека продолжениот викенд и летниот период традиционално значат и поголем ризик и поголема опасност во сообраќајот...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот, за продолжениот викенд да бидат внимателни и одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да ги почитуваат сообраќајните знаци, да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол.

Оттаму посочуваат дека статистичките податоци за првите пет месеци од 2016 година, покажуваат дека 54 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди и додаваат дека продолжениот викенд и летниот период традиционално значат и поголем ризик и поголема опасност во сообраќајот.

РСБСП им препорачува на учесниците во сообраќајот и да бидат трпеливи, да не брзаат, да внимаваат при престигнувањето, да ја проверат техничката исправност на возилото, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци, да бидат смирени и одморени, да не возат брзо и под дејство на алкохол и секогаш да користат сигурносен појас.

Сообраќајната култура и меѓусебното почитување секогаш да ви бидат на прво место. На секое патување најважно е да се стигне до саканата дестинација здрав и жив, потенцираат од РСБСП.