„Види музика, слушни слика, добиј книга“ во чест на Дејвид Боуви
Директорот на МКЦ Златко Стевковски на денешната прес-конференција информира дека на 23 јуни во 21 часот во Градскиот парк во Скопје под диригентската палка на Емин Џијан, и во негова оркестарција, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе некои од најголемите хитови на Боуви, додека сликарските платна ќе ги обојат ликовните уметници Агрон Абдули и Ивана Младеновска.

Под мотото „Скопје за Боуви“ деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ годинава ќе биде во чест на британската музичка легенда Дејвид Боуви.
Директорот на МКЦ Златко Стевковски на денешната прес-конференција информира дека на 23 јуни во 21 часот во Градскиот парк во Скопје под диригентската палка на Емин Џијан, и во негова оркестарција, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе некои од најголемите хитови на Боуви, додека сликарските платна ќе ги обојат ликовните уметници Агрон Абдули и Ивана Младеновска.
За фановите на британскиот пејач ќе бидат поделени и 20 илјади бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието - Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ од Мери Финиган.
Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ, рече дека се соочиле со голем предизвик и требало да донесат тешка одлука за песните кои ќе бидат изведени на 23 јуни во Градскиот парк и истакна дека иако малку биле инспирирани од смртта на Боуви, неговата музика ќе живее вечно.
Емин Џијан изрази благодарност за можноста да работи како диригент на Македонската филхармонија и тоа да биде на музиката на Дејвид Боуви. Од музички аспект најави дека е направена хронолошка селекција и дека на концеротот ќе бидат изведени околу 15 композиции.
Ликовниот уметник Ивана Младеновска рече дека задоволството е уште поголемо да се твори под влијание на Дејвид Боуви и во изведба на филхармонија, а бидејќи уметноста е еден експеримент изрази надеж дека исходот ќе биде уште поголем и подобар за очите на публиката
Настанот е финансиски поддржан од Минстерството за култура, Град Скопје и Македонски Телеком.
