Михаела Ангелова- најдобар млад научник за 2015 година

16.06.2016 15:59

За Ангелова, оваа наградата е мотив за да продолжи да истражува и да ги открива научните вистини.

Доктор на науки по биоинформатика, посветена кон развојот на истражувачката дејност, добитник на голем број награди – ова е само дел од богатото резиме на Михаела Ангелова најдобриот млад научник за 2015-та година. Признанието ѝ го врачи претседателот Ѓорге Иванов. За Ангелова, оваа наградата е мотив за да продолжи да истражува и да ги открива научните вистини.

Имагинативноста, креативноста, хуманоста и вистинољубивоста на нашите научници веќе се вткаени во ризницата на знаењето на човечката цивилизација. Не се сомневам дека македонската наука допрвa ќе го задолжува светот, рече на свеченоста претседателот Иванов.

Претседателот Иванов по шести пат го додели признанието најдобар млад научник. Лани ова признание отиде во рацете на дипломецот од ФЕИТ, Даниел Денковски.

 

Викторија Милевска