„Хелас експрес“ ќе сообраќа и ова лето

16.06.2016 14:06

Согласно протоколот „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа на 17 јуни кон Белград, односно 19 јуни годинава кон Солун. Последниот воз што ќе вози е на 3 и 4 септември 2016 година. По овој датум „Хелас експрес“ нема да сообраќа се до крајот на возниот ред 2015 – 2016 година, велат од МЖ Транспорт.

„Србија воз“, МЖ Транспорт и „ТРАИНОСЕ“ – Грчките железници се усогласија и ова лето да сообраќа популарниот воз „Хелас експрес“, информира МЖ Транспорт АД Скопје.

Согласно протоколот „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа на 17 јуни кон Белград, односно 19 јуни годинава кон Солун. Последниот воз што ќе вози е на 3 и 4 септември 2016 година. По овој датум „Хелас експрес“ нема да сообраќа се до крајот на возниот ред 2015 – 2016 година, велат од МЖ Транспорт.

„Хелас експрес“ и ова лето ќе сообраќа по вообичаената шема од Белград до Гевгелија и обратно со класични патнички вагони, а на релацијата Гевгелија – Солун – Гевгелија патниците ќе бидат превезувани со автобуси на Грчките железници.