Заем од Светска банка за развој на вештини и иновации
29.01.2014 09:38
Бордот на директори на Светската банка...

Бордот на директори на Светската банка денеска на Македонија и одобри кредит вреден 24 милиони долари за поддршка на развојот на вештините и иновациите.
Како што стои на интернет страницата на Светска банка, целта на проектот е да се подобри транспарентноста на ресурсите и нивната распределба и да се промовира одговорноста на високото образование, подобрување на условите на
средното техничко и стручно образование, како и поддршка на иновациските капацитети во земјата.
Овој заем е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период.
