Советот на ЕУ ќе расправа за состојбата во Македонија

20.06.2016 10:20

По расправата се очекува да се даде заклучок за земјава како кандидат за членство во Европската унија. Состанокот ќе се одржи во Луксембург.

Министрите за надворешни работи на земјите- членки на Европката унија на денешната седница на Советот ќе разговараат за состојбата во Македонија. Предлогот е на Германија и на Велика Британија.

По расправата се очекува да се даде заклучок за земјава како кандидат за членство во Европската унија. Состанокот ќе се одржи во Луксембург.

Инаку, шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија како централна точка на Советот, покрај дискусијата за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната ЕУ- политика за Арктикот и тренинг- мисијата за безбедносните сили во Либија.