Продолжува собраниската расправа за импичмент на Иванов

20.06.2016 10:22

Во досегашниот тек од расправата, СДСМ и ДУИ останаа на ставот дека шефот на државата мора да сноси одговорност за помилувањето и дека треба да биде отповикан, бидејќи како што беше речено, со амнестијата го прекршил Уставот и смислено ги саботираше Специјалното јавно обвинителство и договорот од Пржино.

Во Собранието треба да продолжи расправата по предлогот за импичмент на претседателот Иванов, поднесен од СДСМ на кој стојат потписите и од пратениците од ДУИ и неколку независни.

Во досегашниот тек од расправата, СДСМ и ДУИ останаа на ставот  дека шефот на државата мора да сноси одговорност за помилувањето и дека треба да биде отповикан, бидејќи како што беше речено, со амнестијата го прекршил Уставот и смислено ги саботираше Специјалното јавно обвинителство и договорот од Пржино.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, оценија дека иницијативата на опозицијата е неоснована, и дека предлог за утврдување одговорност е уште еден обид за делување против институцијата Претседател.