Стартува новата авиолинија Брисел- Охрид
Се работи за еден од најстарите оператори во Европа кој опслужува над 22 милиона клиенти, а вкупната продажба на аранжманите надминува 9 милијарди фунти.

Стартуваше новата авиолинија Брисел-Охрид со туроператорот „Томас Кук“. Изутринава пристигнува првиот чартер авион со група белгиски туристи.
Се работи за еден од најстарите оператори во Европа кој опслужува над 22 милиона клиенти, а вкупната продажба на аранжманите надминува 9 милијарди фунти.
Месецов ќе се воведат и чартер летови од Охрид до Тел Авив, преку израелската компанија „Аркиа“.
Новите летови се очекува да го зголемат бројот на превезени патници преку охридскиот аеродром кој за првиот квартал од годинава беше прогласен за најбрзорастечки аеродром во Европа во категоријата под 5 милиони патници годишно.
