Брифинг за конкурсот за обука на пилоти
Селекцијата на кандидатите за пилоти е преку тестирања и проверки што треба да се поминат пред да се почне со летачките активности, информираат од одбраната.

Центарот за обука на пилоти во соработка со Министерството за одбрана, во Домот на АРМ, организира брифинг за конкурс за обука на пилоти. Центарот е наменет за селекција и за обука на пилоти за потребите на Армијата, и е концепиран по примерот и стандардите на воздухопловната академија на израелското воено воздухопловство.
Селекцијата на кандидатите за пилоти е преку тестирања и проверки што треба да се поминат пред да се почне со летачките активности, информираат од одбраната.
Покрај проверка на здравствената и на физичката подготвеност има и компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крајот способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот „Злин“.
Кандидатите кои успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и почнуваат со школувањето за воен пилот.
