Почнаа преговорите за откуп на пченица
Почна договорањето за претстојниот откуп на пченицата. Земјоделците бараат повисоки цени од оние кои ги нудат мелничарите. Државата бара мерки со кои треба да им се помогне и на двете страни , особено што годинава се очекува приносите на пченицата да бидат поголеми од просечните...

Годинава треба да се ожнеат скоро 80.000 или за 10.000 хектари повеќе од лани со што се очекува да се собере род од скоро 240.000 тони пченица.
Доколку се задржат поволните временски услови се проценува дека може да се очекуваат повисоки приноси со повеќе од 3.000 килограми по хектар.
За земјоделците цената не треба биде пониска од 11 денари за килограм, а за мелничарите таа да не биде повисока од 8 денари бидејќи и во регионот ќе има високи приноси, а со тоа и поголема понуда и ниски цени на берзите.
За постигнување на оптималната цена на домашниот пазар, државата размислува за воведување на неколку мерки. Субвенционирање на пченицата и субвенции за нејзиното чување во силоси за да се намалат трошоците на земјоделците за пореална откупна цена.
Методија Трајков
