Почнува фестивалот на комедијата „Гола Месечина“
„Македонска приказна“, „Автобусот“, „Парламентарки“ и „Хамлет од Долно Дупени“, се дел од осумте претстави- комедии на наши и странски тетари, кои ќе се одиграат под отворено небо.

Од денеска до 30-ти јуни, Општина Аеродром по трет пат ќе биде домаќин на фестивалот на комедијата „Гола Месечина“.
„Македонска приказна“, „Автобусот“, „Парламентарки“ и „Хамлет од Долно Дупени“, се дел од осумте претстави- комедии на наши и странски тетари, кои ќе се одиграат под отворено небо.
Влезот за сите посетители е бесплатен. На фестивалот ќе бидат промовирани и книги, комедии за да се зголеми издавачката продукција од овој жанр. Годинава тоа ќе бидат две драми од Венко Андоновски.
На завршната фестивалска вечер, на 29-ти јуни, ќе бидат доделени четири награди за најдобра режија, машка и женска улога и гран-при за најдобра претстава.
