Десет лица се приведени во координирана операција на Франција, Белгија и Британија

20.06.2016 09:54

Криумчарите им обезбедувале престој во Париз, а потоа ги префрлале во Велика Британија. Дел од камионите со бегалци тргнувале и од Белгија.

Француската, британската и белгиската полиција приведоа над десет лица во операцијата за разбивање на мрежа за незаконско префрлање на мигранти на британска територија.

Криумчарите им обезбедувале престој во Париз, а потоа ги префрлале во Велика Британија. Дел од камионите со бегалци тргнувале и од Белгија.

Во Велика Британија биле принудувани и да работат незаконски за да го исплатат превозот, кој чинел од 8.000 до 12.000 фунти.