Вирџинија Раџи- прва градоначалничка на Рим

20.06.2016 11:58

Со победата на вториот круг од локалните избори, евроскептиците си обезбедија сигурни места во Рим и во Торино, но и стабилна платформа за парламентарните избори во 2018 година.

Вирџинија Раџи од партијата „Движење пет ѕвезди“ стана првата градоначалничка на Рим. Со победата на вториот круг од локалните избори, евроскептиците си обезбедија сигурни места во Рим и во Торино, но и стабилна платформа за парламентарните избори во 2018 година.

37-годишната адвокатка којашто ја победи Партијата на демократите на премиерот Матео Ренци, ќе наследи долг од над 13 милијарди евра, два пати поголем од годишниот буџет.