Собир пред Кривичен суд за поддршка на Талевски

20.06.2016 13:13

ГДОМ со декларација побара судиите да не потклекнуваат на притисоци.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија организираше собир пред Кривичниот суд за ослободување на актуелниот битолски градоначалник, кому судот му одреди 30-дневен куќен притвор за случајот „Транспортер“ по побарање на Специјалното јавно обвинителство.

ГДОМ со декларација побара судиите да не потклекнуваат на притисоци.

Вашето спротиставување на притисоците во овој период ќе биде потврда на независноста и непристрасноста на судството во Република Македонија и ќе биде пример за идните генерации судии во земјава, наведуваат од ГДОМ охрабрувајќи ги, како што наведуваат, да не подлегнуваат на притисоци и да не носат нарачани политички одлуки.

Правдата, како што посочуваат, мора да биде еднаква за сите. Целосно е неприфатливо за едни да важат законите, а за други да нема никаква одговорност, стои во декларацијата.