Распишана потерница по директорот Мицајков

29.01.2014 09:56

Распишана е потерница по Тони Мицајков- екс директорот на Прилепскиот Тутунски комбинат...

Распишана е потерница по Тони Мицајков- екс директорот на Прилепскиот Тутунски комбинат. Бил пуштен на болничко лекување и не се вратил во затворот на одредениот датум.

Осуден е во 2010 на петгодишна затворска казна за злоупотреба на службената положба во време на директорувањето во Тутункиот комбинат во Прилеп.

За МТВ ова го потврди Лидија Гавриловска,  директорката на Дирекцијата за санкции.