Брисел во тревога, шест метро станици се затворени

20.06.2016 14:10

Превозот е ограничен на минимален број влезно-излезни точки. Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина.

Влезовите на неколку подземни железнички станици во Брисел се целосно затворени, по налог на белгиската полиција.

Превозот е ограничен на минимален број влезно-излезни точки. Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина.

Бриселските власти повторно пристапуваат кон ваква мерка поради информации за нови терористички напади во Белгија.