Нова премиера на Битолскиот театар

20.06.2016 14:30

„Трагичната љубов на една луда девојка“ е нова премиера на битолскиот Народен театар...

Уште еден режисерски исчекор на костимографот Благоја Мицески на сцената на матичната театарска куќа. Премиерата на претставата „Трагичната љубов на една луда девојка“ работена по јапонскиот автор Јукио Мишима е шестото негово режисерско остварување.

Претставата која е кобинација на повеќе жанрови од мелодрама до комедија, по својата едноставност и чистина потсеќа на јапонската култура и обработува теми кои се актуелни и денес- за љубовта за нереализиранире желби, за чекањето и смислата на тоа.

Од четиричлената актерска екипа велат дека текстот бил провокативен за систематизирање на некои работи повразани со сопствените животи.

Инаку во претставата се искористени и авторски текстови од актерите и 26-тиот сонет од Вилијам Шекспир.

Стевче Митревски