Конкурост за обука на пилоти- шанса за невработените

20.06.2016 14:43

Триесетина млади невработени дипломирани лица можеа да се информираат за конкурсот за обука на пилоти, кој е отворен до крајот на месецов. Се бараат осум кандидати до 28 годишна возраст. По завршувањето на 18 месечната обука во Центарот во Петровец ќе бидат промовирани во воени пилоти на АРМ...

Нова шанса за високообразованите, а невработени лица. Агенцијата за вработување им понуди на младите да почнат обука за воени пилоти. Услов е да имаат завршено факултет, да не се постари од 28 години и да се државјани на Македонија. Наставата и учебниците се концепирани на англиски јазик, па затоа кандидатите овој јазик треба добро да го познаваат.

Психофизичка подготвеност, добра моторика, снаодливост и брзина на реакција во кризни ситуации се елементите што мора да ги задоволи секој иден пилот.

Конкурсот е отворен до крајот на месецов. Потоа следува процесот на селекција. Искуствата покажуваат дека само 10 насто од пријавените успеваат да го минат филтерот. Оние што успешно ќе ја поминат обуката која трае година и половина ќе потпишат договор за вработување со Министерството за одбрана.

 

Анита Димитријевска