Подобра иднина за младите од регионот на Западен Балкан

20.06.2016 14:52

Пред самитот во Париз, утре во Европскиот парламент се организира конференција за иднината на младите од Западниот Балкан. Иницијативата е на Словенија, целта е да се зголемат можностите и да се подобрат перспективите.

Европратениците од Словенија Тања Фајон (Социјалсити) и Франц Боговиќ (Народни Партии),  утре организираат конференција во Европскиот парламент посветена на иднината на младите од регионот на Западен Балкан, непосредно пред самитот во Париз.

По идејата родена во рамките на процесот Берлин за да се подобри перспективата на младите генерации од Западен Балкан иветувањето на Словенија да биде предводник во оваа област, што беше цементирано со донесувањтео на позитивната агенда за младите од Западен Балкан во Брдо- Бриони процесот, минатата пролет Словенечките европратеници Тања Фајон и Франц Боговиќ организараат конференција на тема младите од регионот на Западен Балкан.

„Во принцип ние сакаме  да направиме повеќе за целата младина во регионот. Тоа е конкретен фокус и намера на конферецнијата на која од една страна ќе се најдат политичарите од регионот, Европската комисија и Европскиот параламент, а од друга, невладините организации кои се занимаваат со слични проекти“, изјави Фајон.

Целта на оваа конференција е да се даде дополнително вудување пред идиниот самит Париз- Балкан 2016, на 4-ти јули во Париз, како и да се помогне за подобрување на изгледите на младите од регионот, нагласувајќи ја притоа европската перспектива за младите.

 

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ