Брегзит: Изедначени проценти на поддржувачите и противницте
Изедначени проценти на поддржувачите и противницте на Брегзит. За три дена, Британија ќе гласа за својата иднина во Европската унија...

Најновите анкети во Обединетото Кралство покажуваат изедначување на процентите на поддржувачите и противниците за т.н. Брегзит со кој на 23 јуни ќе се тестира 40-годишната врска со европското семејство.
За едните, излезот од Унијата е спас од бирократијата во Брисел, а за другите – чекор кон економска пропаст.
„Што и да изгласаме, ќе донесе ризици. Постојат предизвици за глобалната економија. Полесно ќе се справиме со нив ако си заминеме од унијата зашто ќе имаме поголема контрола врз економијата, парите, законите. Луѓето што ќе решаваат во наше име се емотивно врзани за нашата иднина, а не оние во брисел или стразбур коишто носат одлуки врз основа на други фактори“, изјави Мајкл Гоув, Конзервативна Партија.
„Ќе гласам да останеме. Важно е да сме дел од унијата.“
„Сакам да останеме, но треба да имаме поголема контрола врз одлуките за нашата земја“, велат граѓаните.
По неколкудневна пауза, Парламентот одржа вонредна седница за убиената лабуристичка пратеничка Џо Кокс која беше против излез од Унијата.
Над 400 поддржувачите на контрадвижењето на Брегзит наречено „Бримејн“ направија „синџир од бакнежи“, повикувајќи ги Британците да гласаат за останување во Европската Унија.
