Интензивна соработка меѓу државите за подобро менаџирање со мигрантската криза

20.06.2016 15:20

Денеска е Светскиот ден на бегалците. Во Македонија се одбележа со организирање „Карван по рутата на бегалците со велосипеди“. Целта на организаторот е симболично да потсети на нивното движење со велосипеди по автопатот од јужната граница до Табановце на почетокот на Бегалската криза. Од Европската асоцијација за локална демократија повикаа на соработка на земјите од Западен Балкан...

Проблемот на миграциите е стратегиски- треба план за за да се овозможи право на слободно движење на секоја единка, нешто што е обврска пред Обединетите нации- став на говорниците на конференцијата посветена на бегалската криза организирана од Европската асоцијација за локална демократија. Еден од заклучоците за подобро менаџирање на кризата е зголемена и интензивна соработка меѓу државите особено од Западниот Балкан.

Македонските власти се во постојана координација за што побезбедно управување со кризата- и за безбедноста на мингрантите и за домашното население, изјави министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

На Светскиот ден на бегалците, народниот правобранител со иницијатива за измена во Законот за азил - да се укине одредбата со која се предвидува признаен бегалец да оствари право на семејно обединување после три години од утврдување на неговиот статус.

Во земјите од ЕУ само лани биле поднесени милион 255 илјади барања за азил, двојно повеќе од 2014-та. Според податоците, во светот околу 60 милиони луѓе ги напуштиле своите домови поради, конфликти, безредија или природни катастрофи.

Миле Ристески