ГДОМ: Судиите да бидат имуни на политички притисоци
Според движењето, ниту еден судија не може да носи одлуки ако е исплашен, ако добива закани или пак, ако очекува корист од која било страна. Велат неприфатливо е законите да важат за едни, а за други да нема никаква одговорност.

Судиите да бидат имуни на политички притисоци- побара со декларација ГДОМ на собирот пред Кривичниот суд. Според движењето, ниту еден судија не може да носи одлуки ако е исплашен, ако добива закани или пак, ако очекува корист од која било страна. Велат неприфатливо е законите да важат за едни, а за други да нема никаква одговорност.
Селективната правда не е правда. Одлуките донесени под притисок не се правични одлуки. Одлуките донесени под притисок, само го будат револтот кај граѓаните.
Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на притисоци. Да не си го губите образот поради какви било закани и ветувања. Затоа Ве охрабруваме да не носите нарачани политички одлуки, изјави Кимовски Александар, ГДОМ.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски рече дека Специјалното јавно обвинителство има селективен пристап во обработката на предметите и покренува обвиненија без докази.
Кривичниот суд му одреди мерка куќен притвор на битолскиот градоначалник, Талески ја обжали. Апелација треба да пресече- дали одлуката ќе остане или ќе се укине.
Наташа Гркова- Петрушевска
