Компаниите за домување бараат еднаков пристап во работењето
Проблемите се особено изразени при менување на фирмата управител. Наместо веднаш целокупната документација со сите фактури, договори и тужби се развлекува и цела година. Најчесто станарите уредно плаќаат, а несовесните управители трупаат долгови.

Лиценцираните управители бараат државата и инспекциските тела да направат ред во секторот за домување, каде е честа нелојалната конкуренција и царува сивата економија.
„На пазарот функционираат лиценцирани управители кои наместо издавање на фактура, како документ меѓу другото и за плаќање давачки кон државата, издаваат уплатници. И тоа спротивно на законот за домување и за неколку месеци однапред. Согласно со законот фактурите се издаваат по изминување на тековниот месец и треба да бидат содржани сите ставки на трошоци кои ги пресметува лиценцираниот управител“, изјави Даниела Михајловска-Василевска, Стопанска комора на Македонија.
Проблемите се особено изразени при менување на фирмата управител. Наместо веднаш целокупната документација со сите фактури, договори и тужби се развлекува и цела година. Најчесто станарите уредно плаќаат, а несовесните управители трупаат долгови.
„Во принцип заостанати долгови не смее да има. Во практика секогаш има заостанати долгови. Луѓето редовно плаќаат, а преземаме згради со долгови од 30.000 до 100.000 денари. Се гаснат лифтови, не се сервисираат како што треба, не се плаќаат обврските кон други“, изајви Зоран Димитриевски, лиценциран управител-Куманово.
Лиценцираните управители бараат да се регулира и постоењето подружници во други градови и да се оформи посебна инспекција за домување на државно ниво, која сега постои само на ниво на општини.
„Со законот има доста работи што се опфатени, дури и повеќе. Работата е како ќе се спроведува од страна на државата и од страната на управителите“, вели Васе Самараков, претседател на Групација за домување и управување со станбен и деловен простор.
Досега на 11 управители им била одземена лиценцата поради несовесно работење. Се бара додефинирање на регулативата, за да не се случува зградите да останат со огромни долгови, а средствата од резервниот фонд да бидат потрошени.
Свето Николовски
