Пчеларството сериозен бизнис
29.01.2014 10:03
Пчеларството ќе има поголема економска исплатливост доколку се отстранат техничките недостатоци...

Пчеларството ќе има поголема економска исплатливост доколку се отстранат техничките недостатоци.
Според експертите, потребен е селектран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење.
Заболувањето на пчелите е инцидентно, а поради интензивното и нестручно лекување на пчелите поголема е можноста за добивање мед со недозволени остстоци од хемиските средства.
Недостасува и поголема соработка меѓу пчеларите и земјоделците за навременото третирање на растенијата со пестициди,а се чувствуваат и последиците од глобалното, интензивно користење на средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги контаминираниот и нектарот и поленот.
Методија Трајков