Советот на ЕУ расправаше за Македонија

20.06.2016 16:34

Македонија на дневен ред на Советот на министри за надворешни работи на Европската унија. „Внатрешно-политичките судири траат и ние во рамките на нашите европски можности ќе мора да направиме сѐ за надминување на состојбата за колку што е можно да има фер предуслови за избори“, изјави германскиот шеф на дипломатијата, Штајнмајер...

Последните политички слуцувања во Република Македонија беа на дневниот ред на агендата на Советот на министрите за надворешни работи кој се одржа во Луксембург. Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ дискутираа за решенија за надминување на политицката криза, при тоа посебен акцент ставија на одлуката на председателот Иванов да помилува 56 функционери кои се предмет на истрага во врска со прислушувањето, и неговата одлука од 6-ти јуни со која се укинати сите помилувања.

ЕУ ја поздрави ова одлука, оценувајќи дека на овој начин се обезбедува владеењето на правото повторно да се врати во својот тек и специјалниот обвинител да продолжи со својата работа, да се преземе итно спроведување на приоритените реформи.

Министрите за надворешни работи разменија мислење и за Пржинскиот договор олеснуван од страна на европските претставници. Пред состанокот, германскиот министер за надворешни кој го испрати Јоханес Хајндл во Македонија, оцени дека состојбата е загрижувачка.

„Состојбата во Македонија е загрижувачка. За тоа ќе дискутираме денеска. Се успеа во одложувањето  на најавениот термин за избори, но внатрешно-политичките судири во Македонија траат и натаму и ние , во рамките на нашите можности, европските можности, ќе мора да правиме напори  за смирување на состојбата и за, колку што е можно, во Македонија да има фер предуслови за избори, кои би се одржале во термин кој би требало допрва да се договори“, изјави Штајнмајер во Луксембург.

На состанокот  големо внимание предизвика претстојниот референдум за излез на Велика Британија од ЕУ. Резултатите се крајно неизвесни.

„Пораката која сакаме да ја пренесеме до британските граѓани е дека, оваа одлука е неповратна. Доколку Британија сака да излезе, нема враќање назад. Нема да можеме повторно да се вратиме во ЕУ, освен под неприфатливи услови, како што се членство во Еврозоната и шенгенот“, изјави Филип Хамонд, министер за надворешни работи на Велика Британија.

„Ако гласаат НЕ, не сум убеден дека одлуката ќе води кон добра насока за граѓаните, како од политички, така и од економски и културен аспект“, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

Мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел како и интегрираната ЕУ политика за Арктикот, беа останатите теми на кои се разговарасе на денесната средба на министрите за надвресни работи.

 

Марина Стојанова- Тонева, специјален известувач од Луксембург за МРТ