Франција: Судири меѓу бегалците и полицијата во Кале
21.06.2016 10:17
Судирот се случил во близина на прифатниот центар откако дел од бегалците се обиделе да го забават сообраќајот за да се влезат во камионите кои патувале кон Велика Британија.

Полицијата употреби солзавец против мигрантите во Кале, северна Франција. Судирот се случил во близина на прифатниот центар откако дел од бегалците се обиделе да го забават сообраќајот за да се влезат во камионите кои патувале кон Велика Британија.
Нема повредени, но едно лице е уапсено. Во таканаречената „џунгла“ има околу 5.000 бегалци од Блискиот Исток, Азија и Африка.
