Од 1-ви јули увоз на половни возила со стандард Еуро 4
21.06.2016 11:46
Граѓаните кои купиле возило со стандард Еуро 3, имаат рок до 30-ти јуни да платат царина и да ги комплетираат увозните процедури.

Од 1-ви јули, граѓаните ќе можат да увезуваат половно визоло со стандард Еуро 4 или повисоко. На почетокот на идниот месец, истекува рокот за увезување возила на старо, постари од 2005-та година.
Граѓаните кои купиле возило со стандард Еуро 3, имаат рок до 30-ти јуни да платат царина и да ги комплетираат увозните процедури.
Според податоците на Царината, од почетокот на годинава се увезени двојно повеќе возила од лани, а најмногу половини возила беа увезени во 2010-та, кога и беше либерализиран увозот.
